Сериозна состојбата на браната кај Пишица

Од:

Состојбата со Пишичка брана е сериозна, а во меѓувреме евакуирани се стотина жители на селото Пишица и нивниот добиток, изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој денеска ја виде на самото место состојбата со браната во близиниа на селото Пишица која е веќе оштетена, а водата се слева во Брегалница и во Злетовска Река.

– Испусниот вентил е отворен, браната во наредните седум дена ќе се празни по што ќе следува и нејзина санација, рече Јанакиески, кој во Пишица беше придружуван од државниот секретар во Министерството за животна средина Соња Лепиткова, директорот на Центарот за управување со кризи Зулфи Адили и градоначалникот на општина Пробиштип Тони Тоневски.

Стручни екипи, додаде Јанакиески, треба да утврдат колку ќе чини целосна реконструкција или изградба на Пишичка брана.

Градоначалникот Тоневски рече дека во општината се отсечени три села бидејќи се урнати мостовите кои ги поврзуваат со Пробиштип и Злетово.

Штети од поплавите има и во кумановскиот, струмичкиот, радовишкиот и штипскиот регион каде што се поплавени куќи, урнати мостови, а се отсечени и неколку села.

Би можело да ве интересира

Меѓународен ден за намалување на ризикот од катастрофи: Подготвеноста за поплави почнува дома и спасува животи

Поплави во Турција: Четири лица загинаа, три се водат како исчезнати

Тројца загинати и четворица исчезнати во поплавите во Истанбул

А1он

(ВИДЕО) Хаотични сцени во Истанбул – патишта се уриваат, поројните води носат автомобили, поплавени се болници и метрото

А1он

(ВИДЕО) Силно невреме ја погоди Италија – загинаа две жени

А1он

(ВИДЕО) Двајца работници извлечени живи од тунел во Непал, девет дена по поплавите

А1он