Поранешниот светски шампион во бокс во тешка категорија, Владимир Кличко мораше да биде спасуван среде ноќ од шпанската крајбрежна стража, откако луксузната јахта на која се наоѓал, се запалила.
Be careful what you wish for: fate took my wish for “some #adrenalin” a bit too literally and our boat-trip Sunday night ended up in our boat #igniting and family & friends being evacuated by coast guard and fire rescue-team. No worries: we are all fine! #theroofisonfire #song? pic.twitter.com/sGN7xfG5JM
— Klitschko (@Klitschko) June 25, 2019
Тој тргнал од Ибица кон островот Мајорка со своето семејство и пријатели. За среќа, во инцидентот нема настрадани и пожарникарите реагирале брзо, за да спречат можната трагедија.
– Сите сме во ред. Го видовме оганот на време, и брзо дадовме сигнал. Одзеде некое време, додека ситуацијата се стави под контрола, но благодарение на шпанската крајбрежна стража и пожарникарите се е во ред, напиша Украинецот на „Твитер“.
Причината за пожарот се уште не е јасна.