Финансиска полиција упадна во Љуботен, жителите револтирани

Од:

Финансиската полиција од утрово спроведува акција во скопското село Љуботен, каде со помош на припадници на МВР се врши претрес во куќите. Акцијата почнала од 5 часот утрово, а неофицијално, истата е поврзана со нелегално производство на тутун во селото.

Жителите на селото се исплашиле од акцијата и се вознемирени, правдајќи се дека тутунот им бил единствен начин за егзистенција.

Во текот на акцијата жителите револтирани го изнесоа тутунот на улиците, велејќи дека ако можеле да имаат друга работа, нема да преработувале тутун.

Би можело да ве интересира

Финасиска полиција ќе ја испитува набавката на горива за ЈСП

Катерина Ѓуровски

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против три службени лица од МЗШВ

А1он

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за раководно службено лице во Општина Радовиш

Владата одлучи: Ивановски е нов в.д. директор на финансиската полиција, а Селами е избран за директор на ДЗС

Со лажни испратници за стари акумулатори наплатиле 350.000 евра

Катерина Ѓуровски

Томовска: Во координација со финансиската полиција ќе одлучиме дали инспекцискиот надзор во М-НАВ ќе се прошири