Денот на Полкот за специјални операции на АРМ одбележан со хуманитарна акција

Од:

По повод 1-ви март Денот на Полкот за специјални операции (пСО) на АРМ, денеска припадниците на пСО донираа еднодневен сув оброк и облека.

Хуманитарната акција, соопшти денеска ГШ на АРМ, со која беа донирани над четиристотини оброци и значителна количина на облека, пСО ја организираше во координација со Центарот за социјални работи на град Скопје, преку кој помошта беше доставена во социјално загрозени семејства во Скопје и околните општини.

Во чест на Денот на пСО утре во Домот на АРМ во Скопје, ќе биде отворена изложба на рачно изработени уметнички предмети од дрво на која со свои уметнички дела ќе се претстави капетанот Роберт Коцев кој е припадник на пСО. Изложбата наредните денови граѓаните ќе можат да ја посетат во Домот на АРМ.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски