Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска ги обвини САД за подгревање на тензиите во веќе и така проблематичниот регион на Блискиот Исток.
Рохани рече дека „интервенционистичкото воено присуство” на САД е одговорно за проблемите на Блискиот Исток.
Тој, исто така, ги критикуваше САД за, како што рече, упадот на американскиот дрон во иранскиот воздушен простор, кој Техеран го собори во четвртокот.
-Ова е чувствителен регион и е важен за многу земји, така што очекуваме соодветен одговор од меѓународните организации, рече Рохани на состанокот со претседателот на Интерпарламентарната унија, Габриел Куевас, во Техеран.