Расчистено убиство во Струмица, убиецот притворен

Од:

Министерството за внатрешни работи во координација со јавното обвинителство информира дека го расчистиле случајот со пронајденото тело во метално буре на 20 јуни годинава во вештачкото езеро „Турија“. По извршените анализи, утврдено е дека станува збор за Ристо Иљашев и дека смртта настанала по насилен пат.

По добиената пријава за исчезнување на Ристо Иљашев од Струмица на 7 мај, Одделението за криминалистичка полиција при СВР Струмица, заедно со Единицата за имотен и насилен криминал од Секторот за општ и насилен криминал при МВР, ОКТИВ при МВР и Институтот за Судска медицина во Скопје, а по насоки од надлежното обвинителство во Струмица, презедоа бројни активности се со цел расветлување на случајот.

„По преземените опсежни активности и истражни мерки и врз основа на прибраните материјални докази СВР Струмица на 16 мај до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против М.В.(52) од село Добрејци, Струмица, за извршено кривично дело „убиство“, бидејќи постои основано сомнение дека тој на 7 мај на свиреп и подмолен начин го лишил од живот Ристо Илјашев, а потоа се обидел да го прикрие убиството. Истиот ден судија за претходна постапка му изрече притвор во траење од 30 дена. По наредба на јавен обвинител беа преземени повеќе дејствија, извршени се претреси на повеќе локации, организирана е опсежна потрага по лицето особено во реонот на браната Турија, каде е забележано возилото на осомничениот. Обезбедени се и други материјални докази. Дополнително во работилницата сопственост на осомничениот во село Добрејци пронајдени се биолошки траги кои потекнуват од жртвата“, соопшти МВР.

Осомничениот М.В. го искористил долгогодишното познатство со Ристо Иљашев и на подмолен начин го убил, при што трагите од извршениот грозоморен чин се обидел да ги сокрие така што телото на жртвата го ставил во метално буре и го потопил во вештачкото езеро „Турија“ во Струмица.

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он