Рокот за поднесување кандидатски листи ќе биде продолжен до 3. март

Од:

Владата на Република Македонија на денешната седница по итна постапка усвои Предлог-закон за измена и дополнување на Изборниот закон со кој се определува дополнителен рок за поднесување листи  за кандидати за советници и за градоначалниcи за локалните избори до 3 март (недела) заклучно со 00:00 часот.

Ова денеска прес-конференција го соопшти Гордана Јанкулоска, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ при што нагласи дека овој чекор е направен врз основа на досегашните принципиелни ставови на ВМРО-ДПМНЕ водејќи се од позициите за заштита и промоција на граѓанските, државните и национални интереси, како и за реализација на евроатлантските интеграции на државата.

Таа истакна дека како начин за надминување на политичките предизвици кои се во корелација со СДСМ, а во насока на овозможување на решение вчера ВМРО-ДПМНЕ и официјално предложи утврдување нов рок за доставување на листите за советници и за градоначалници.

Согласно овој предлог, појасни Јанкулоска, во овој рок сите политички партии ќе можат да ги достават листите, а можноста би се однесувала само за овие локални избори.

– Предлог-законот за измени и дополнувања на Изборниот законик кој Владата веќе го усвои по итна постапка исто така по итна постапка е испратен во Собранието каде што треба да се одлучува по него. Нашиот предлог сега има законска форма, а по усвојувањето од Собранието ќе има и законска сила, изјави Јанкулоска.

Со ова, според неа, ВМРО-ДПМНЕ покажува конкретен чин кој значи соодветен законски и прецизен модел за надминување на предизвиците и обезбедување потполна заштита и промоција на државните и национални интереси.

СДСМ, потсети таа, бараше седум дена во кои би можеле да ги достават своите кандидатски листи и ние, потенцира, тој рок им го овозможуваме и тоа со закон.

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека би било позитивно доколку пратениците на СДСМ денеска се вратат во Собранието и заедно со пратениците од владејачкото мнозинство ги усвојат предложените законски измени со кои даваат седум дополнителни дена за поднесување кандидатски листи за учество на локалните избори на 24 март.

– Убедени сме дека овој наш потег е длабоко исправен, позитивен и конструктивен чин, базиран на нашата искрена волја за надминување на предизвиците, чин со кој се отвора можност СДСМ да влезе во нормалните политички процеси во РМ на еден легитимен и разумен начин и да овозможи продолжување на интеграциските процеси на државата во евроатлантските структури, истакна Јанкулоска, додавајќи оти со оваа можност сите добиваат, а најмногу Република Македонија.

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски веќе закажа за денеска итна седница на на која ќе се разгледуваат измените на Изборниот законик, во делот на рокот за поднесување на кандидатските листи. Седницата треба да почне во 15 часот.

На собраниската веб-страница е наведено дека материјалите кои ќе ги разгледува Собранието на оваа седница дополнително ќе бидат предложени, односно дека ќе се предложат на самата седница на Собранието.

Претходно, координација во Собранието има закажано пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Течат роковите за приговори за изборите и инаугурација на новата претседателка

Димитриевски: Потврдивме минимум пратеничка група, ќе бидеме со граѓаните и ќе работиме за нив

Орце Костов

Број на пратеници: ВМРО-ДПМНЕ 59, ДУИ 19, СДСМ 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5

Орце Костов

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

Орце Костов

Касами: Од утре почнуваат преговори за влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Влен

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов