Сакаме да ве информираме дека дволичното однесување на советничката група на ВМРО ДПМНЕ во Советот уште еднаш дојде до израз и на денешната 25-та седница на Советот на општина Гази Баба, рече градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски, на денешната прес-конференција.
„Имено, за прв пат во последните 11 години, општина Гази Баба носи ребаланс на буџетот за дополнителни средства од 41.260.000 денари, кои ќе бидат наменети за капитални проекти кои ќе се однесуваат на повеќе населени места и тоа – почнувајќи од приклучок на вода за пиење за населените места Раштак и Булачани, развојната програма и капиталните проекти за изградна на системи за одводнување на атмосферски води за населеното место Триангла, изградбата на нова детска градинка во Стајковци, изградбата на системи за одводнување и приклучување на отпадните води во Јурумлери, програма за изградба на системи за одводнување и прочистување на отпадни води за населените места Трубарево и Идризово, планот за изградба на спортски рекреативен центар Црешево – Стајковци, проектот за изградбата на комунална и сообраќајна инфраструктура во населба Хиподром 2, планот за изградба на топловодни инсталации во населените места Триангла и Хиподром, изградба на две монтажни гаражи во населба Автокоманда.
ВМРО ДПМНЕ не сака модернизација на уличното осветлување односно замена на старото улично осветлување со нови штедливи лед сијалици, како и комплетната програма Ф во урбанистичкиот план каде се предлага изградба на нови улици, нови тротоари, проектирања и реализација на голем број на капитални проекти за граѓаните на општина Гази Баба.
Со еден збор, сите капитални проекти за изградба на локалниот пат Бутел Раштак, нова улица во Булачани во должина од 1 км како и локален пат во село Виниче 1 километар 200, како и комплетна реконструкција на патот Хиподром – Илинден, уредување на каналот во село Синѓелиќ.
Освен тоа, советниците на ВМРО – ДПМНЕ не ги поддржаа ниту програмите за културата и културните манифестации, односно културното лето 2019, програмите за протоколарни активности, фондации на граѓаните, за спорт и училишен спорт на општина Гази Баба, програма за културни манифестации во училиштата како и програма за социјална заштита.
Граѓаните треба да знаат дека ВМРО ДПМНЕ даде позитивни мислење на расправата на комисиите на Советот без ниту една забелешка од нивна страна.
Оттука порачуваме дека опструкциите на советниците на ВМРО ДПМНЕ нема да не поколебаат во ниту еден проект кој што сме го ветиле, имаме обезбедено пари и средства и ќе ги реализираме со цел за подобри и посовремени услови за граѓаните на општина Гази Баба.
ВМРО ДПМНЕ треба да знае дека мнозинството од 1 глас повеќе им дава поголема одговорност кај граѓаните.
Тие јасно треба да одговорат во чиј интерес ќе работат, дали за граѓаните или за нивните партиски шефови Мицковски и Јанушев. Граѓаните имаат право да ја знаат вистината.
Јас и советничката група на СДСМ и коалицијата продолжуваме да работиме во интерес на граѓаните и ниту една опструкција нема да не спречи, ниту поколеба.“, објасни Георгиевски.