Германската канцеларка Ангела Меркел и британската премиерка Тереза Меј денеска апелираа до САД и Иран на воздржаност и деескалација.
Портпаролката на Меркел изјави дека канцеларката ја поздравила одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да се откаже од воздушните напади врз Иран.
Германската канцеларка ги повика двете страни да изнајдат начини за смирување на ситуацијата.
Додека Меј наведе дека Велика Британија е во контакт со САД за прашањата поврзани со ситуацијата во Иран.
– Веќе кажавме дека повикуваме на деескалација и одамна предочивме какви проблеми имаме со иранската активност. Не веруваме дека ескалацијата ќе биде во интерес на која било страна и ќе продолжима да разговараме со САД и нашите партнери, посочи портпаролот на Меј.