Верстапен би возел заедно со својот татко на „24 часа Ле Ман“

Од:

Пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен не ја исклучува можноста да учествува во „24-те часа Ле Ман“ во тим со својот татко Јос, кој учествува на два пати во трката и има победа во класата „ЛМП2“.

Астон Мартин Валкири, кој е создаден со непосредно учество на Адријан Њуи, ќе учествува во трката во 2021 година, но Макс се уште не знае дали ќе го вози овој автомобил.

– Не сме разговарале тоа, но сакам да учествувам во таква трка како „24-те часа Ле Ман“. Не знам што ќе се случи. Зборував со татко ми и ако учествувам сакам да биде со него. Ми се допаѓа тоа дека учествуваат различни автомобили од различни класи, треба да успееш да се избориш и со сообраќајот, особено во текот на ноќта. Сакам да учествувам и да победам, но тоа е долго натпреварување, може да се случи сè“, прокоментира холандскиот пилот.

Би можело да ве интересира

Макс Ферстапен е шампион во Формула 1

А1он

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес