САД на Блиски Исток ќе распореди и ракети Патриот

Од:

Најновото распоредување на дополнителни 1.000 американски војници на Блиски Исток ќе вклучува и ракети Патриот, набљудувачко летало со екипаж и без пилот и други средства за одвраќање, соопшти синоќа Пентагон.

– САД не сакаат судир со Иран, но ние сме распоредени и подготвени да ги браниме американските сили и интереси во регионот, се наведува во соопштението од Пентагон.

Тензиите помеѓу Вашингтон и Техеран дополнително се зголемија откако на 13 јуни во Омански Залив експлодираа еден јапонски и еден норвешки танкер. САД за нападите го обвини Иран, а Техеран демантираше каква било вмешаност во инцидентот.

Додека Иран во понеделникот објави дека наскоро ќе ја надмине границата на иранските резерви на збогатен ураниум, одредена со Договорот од 2015 година, чија цел беше ограничување на иранските нуклеарни капацитети. Официјален Техеран во мај им даде рок од 60 дена, кој истекува на 8 јули, на останатите земји потписнички на мултилатералниот договор, да ја заштитат иранската економија од американските санкции. Американскиот претседател Доналд Трамп минатата година ги повлече САД од Договорот и воведе нови санкции кон Иран.

Техеран во вторникот објави дека во следните десет дена ќе ги зголеми резервите на ураниум, кои се одредени со Договорот од 2015 година, чија цел беше ограничување на иранските нуклеарни капацитети. Иран соопшти дека има потреба од збогатен ураниум до 20 отсто, што е само еден чекор од нивото доволно за изработка на нуклеарно оружје. Техеран веќе четирикратно го зголеми производството на збогатен ураниум, тврдејќи дека тоа е „врз основа на потребите на земјата“.

Трамп во интервју за „Тајм“ објавено во вторникот изјави дека е подготвен да преземе воена акција со цел да го спречи Техеран да изработи нуклеарна бомба, но не наведе дали ќе одобри користење на сила за заштита на резервите на нафта во Персиски Залив.

Во Персискиот Залив веќе се распоредени носачот на авиони УСС Абрахам Линколн, бомбардери Б-52, како и амфибискиот брод УСС Арлингтон.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија