По големото двочасовно невреме, при кое ветерот корнеше и дрвја, водата од поплавата која го зафати Белград навлезе и во градските автобуси.
Патниците на градската линија 37 во Белград, го опишуваат искуството како „речен сообраќај“.
Автобусот е сниман како се пробива низ водата која навлезе во возилото и го затресе. На социјалните мрежи се споделуваат и видеа на кои возилата пловат по водата во една од белградските улици.