Почина Марјан Колишевски – в.д.претседател на Кривичен Скопје

Од:

Почина в.д. претседателот на Кривичниот суд Скопје. Колишевски почина ненадејно, на 57-годишна возраст.

Колишевски се споменуваше како еден од сериозните кандидати за функцијата претседател на Основен суд 1, Скопје.

За ова требаше изминатава недела да расправа Судскиот совет, но темата беше презакажана за оваа.

Во петокот побарал лекарска помош и бил хоспитализиран на Клиниката за кардиологија.

Најголемиот дел од работниот век, Колишевски го помина како истраќен судија во скопска единица. Тој беше и редовен предавач во академијата за судии и јавни обвинители.

Погребот на посмртните останки на судијата Колишевски ќе биде утре во 12 часот на градските гробишта Бутел.

Би можело да ве интересира

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира на назначувањата во Академијата за судии и јавни обвинители

Панова: Успешно ли е кога довербата во правосудството е минорни два отсто?

Левица: Одговорност за бегството на Рамадани Владата да бара во сопствените редови

Хисени: Признавањето вина од Мемети и од Георгиев – горчлив доказ за понатамошното намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем

Во Обвинителството и судството парите од буџетот за нови вработувања ги пренаменувале за плати велат од Финасии

Судскиот совет ја отфрли Иницијативата од ДКСК за одговорност на членови од Управниот одбор на АСЈО