(ВИДЕО) Костадинов: По 13 години имаме подобрување на кредитниот рејтинг

Од:

„По 13 години, нашата држава конечно има подобрување на кредитниот рејтинг. Ренормираната агенција „Фич“ го зголеми кредитниот рејтинг на Република Северна Македонија од ББ на ББ+, со стабилен изглед.

Уште една потврда за успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ“, рече Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

„По години стагнација и сиромаштија, економијата расте и се движи во позитивен правец.

Од – 1,8 во последните месеци од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, за помалку од две години економијата бележи раст од 4,1 отсто во првиот квартал од 2019 година.

За само една година, странските директни инвестиции пораснаа за 260 отсто, што ја прави нашата држава прва во регинот по раст на странски инвестиции.

Тоа е потврдено и во „Извештајот за инвестициите во светот 2019“ на Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој.

Рекордниот износ на странски инвестиции од 624,5 милиони евра во 2018 и активните мерки за вработување, придонесоа стапката на невработеност да падне на историски минимум од 17,8 отсто.

Ова не се само обични бројки, ова се реални позитивни придвижувања на економијата во интерес на граѓаните и државата.

Со извесното членство во НАТО и забрзувањето на интеграцијата во ЕУ, очекувано е позитивните трендови да продолжат, но и дополнително да се интензивираат.

Како одговорна партија, остануваме посветени на реализација на мерките што обезбедуваат економски раст, повеќе инвестиции, намалена невработеност и повеќе пари во секое семејство“, изјави Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он

ЗНАМ: Квази социјалдемократот Филипче е еден од најодговорните за состојбата во СДСМ

А1он