ВМРО-ДПМНЕ до Заев: Дали во Тетово договараше територијално редефинирање на државата

Од:

„Зоран Заев и СДСМ ја носат државата во пропаст. Зоран Заев и СДСМ треба да одговорат што бараше Заев во Тетово и дали договараше територијално редефинирање на државата.

Дали Зоран Заев вети дека ќе направи целосно преуредување на уставниот поредок? Зоран Заев ја турна државата во калта на криминал, корупција, непотизам и незаконие.

Република Македонија стагнира на секое поле. Наместо реформи Заев тера антидржавна агенда. Државните претпријатија се користат за местење тендери, а приватниот сектор со исклучок на бизнисите на Заеви и Анѓушев пропаѓаат.

Се повеќе луѓе ја напуштаат Република Македонија. Наместо да ги врати иселените, власта го забрза процесот.

На Република Македонија и е потребна обнова. Потребна е нова влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и ќе донесе напредок за државата“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела