Најмалку 30 луѓе загинаа во трикратен самоубиствен напад во Нигерија

Од:

Најмалку 30 луѓе загинаа, а над 40 се повредени во трикратен самоубиствен напад на екстремистичката група Боко харам во североисточна Нигерија.

Синоќешниот напад бил извршен од тројца бомбаши во градот Кондуга пред еден трговски центар.

За сега знаеме дека 30 лица загинаа, а над 40 се повредени, соопшти службата за итна помош.
Кондуга е редовна мета на бомбашите самоубијци, припадници на Боко харам.

Боко харам, што во превод значи „против западното образование“ се залага за воспоставување на шеријат во Нигерија. Во судирите помеѓу приврзаниците на Боко харам и нигериските безбедносни сили во 2009 година настрадаа 27.000 луѓе, додека 1,8 милиони ги напуштија своите домови.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он