Протест во Приштина, поради високи сметки за струја

Од:

Неколку стотици жители на Приштина денес протестираа пред зградата на Енергетската корпорација, Косово (КЕК), тврдејќи дека неправедно добиваат високи сметки за струја.

Учесниците на протестот ги обвинија надлежните на КЕК и министерството за економски развој дека ништо не направила, за да ги спречат грешките во јануарските сметки.

Демонстрантите побараа корпорацијата да не ги исклучува граѓаните поради неплатените сметки, бидејќи сметаат дека истите се фалсификати.

Тие бараат надлежните да поведат истрага за високите сметки и да се формира парламентарна комисија која ќе го разгледа случајот.

Од КЕК изјавија дека одговориле на жалбите на потрошувачите и дека никој нема да плати повеќе, отколку што потрошил во текот на месецот.

Портпаролот Виктор Бужаљ изјави дека до сега се разгледани 2.600 од вкупно 3.300 жалби и дека во 900 случаи имало грешки од двете страни.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина