Ракометарите на Грција на почетокот од денешниот натпревар против Република Северна Македонија во рамките на квалификациското натпреварување за Европското првенство беа исвиркани од страна на македонските навивачи во спортската сала во Струмица.
Македонската ракометна репрезентација натпреварите на домашен терен ги игра во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, но од безбедносни причини овој натпревар се игра во салата во Струмица која има многу помал капацитет од 1500 гледачи.