СДСМ: По 13 години нашата држава конечно има подобрување на кредитниот рејтинг од ББ на ББ+

Од:

„По 13 години Република Северна Македонија конечно има подобрување на кредитниот рејтинг, откако Агенцијата „Фич“ го зголеми кредитниот рејтинг на нашата земја од ББ на ББ+, со стабилен изглед.

Во извештајот на Фич се нотира дека преземените мерки како пензиската реформа, подоброто таргетирање на социјалната помош и прогресивното оданочување придонесуваат врз намалување на дефицитот. Позитивно се оценети преземените мерки за подобро управување со јавните финансии, особено повисоката буџетска транспарентност и воведувањето на фискално правило за општините.

Подобрениот кредитен рејтинг ја враќа довербата во економијата и уште повеќе ќе влијае за повисок економски раст, повисок извоз, повисока вработеност и повисоки плати односно подобар животен стандард за граѓаните.

Ова е показател за успешноста на економските политики и истовремено е дополнителен мотив реформите да продолжат, како и охрабрување на домашните и странски инвеститори дека земјата е на добар пат, економијата е стабилна и се движи во нагорна линија.

По добивањето на најпозитивниот извештај од ЕК, интензивната ратификација на протоколот за пристапување во НАТО, подобрувањето на кредитниот рејтинг е последна потврда дека државата оди напред“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он

ЗНАМ: Квази социјалдемократот Филипче е еден од најодговорните за состојбата во СДСМ

А1он