Во Орегон се гради огромен центар за база на податоци, кој е дизајниран да ги намали трошоците за складирање на стариот и помалку популарен материјал на Фејсбук.
Според податоците на компанијата, само осум отсто од милијарди слики кои се наоѓаат на оваа социјална мрежа „привлекуваат“ околу 85 проценти од посетеноста во секој момент.
Со цел овој материјал да биде брзо достапен, Фејсбук планира да ги намали трошоците на енергија.
Новиот „ладилник“ ќе ги обедини двата постоечки центри за складирање на податоци во Принвил, од кои секој може да собере информации еквивалентни на 250 милиони ДВД дискови.
Исто така, во новиот центар секој сервер ќе биде поврзан со повеќе хард дискови, а комјутерите ќе бидат во слип-мод се додека некој корисник не побара некои од старите содржини.
Секојдневно на Фејсбук се објавуваат 300 милиони фотографии, а бројот расте поради се поголемата употреба на смартфоните.