ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ може да говори за одговорност кога Заев ќе си замине од власт

Од:

„Зоран Заев е најголемиот криминалец во Република Македонија. А, СДСМ може да говори за одговорност кога Заев ќе си замине од власт.

Доколку СДСМ сака да покаже морална одговорност, треба нивниот лидер Зоран Заев да си поднесе оставка од премиер поради „Евро за Вицето, евро за црквата“, матно доделување земјиште на семејството и уште многу криминали кои ги спроведе изминативе две години.

Македонија нема да добие датум за преговори со ЕУ поради енормниот криминал, кој што владее откако СДСМ дојде на власт. Поради тоа местото на Зоран Заев не е во политика, туку во затвор, каде што ќе одговара за своите криминали по враќањето на правната држава.

За доброто на граѓаните и Република Македонија метлата треба да заигра што поскоро и тоа да почне од Зоран Заев“, реакција на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ со прашање до ВМРО: „Дали сте вие нормални?“

ВМРО-ДПМНЕ: Бидејќи СДС викаат дека Филипче не е во Дубаи, да ги прашаме дали изиграва елита со Заев по луксузните алпски зимски центри Сент Мориц и Гармиш-Партенкирхен

Горан Наумовски

СДСМ: Кога ќе ја објавите фотографијата од Дубаи, лажговци?

СДСМ: Последната фаза од кампањата на ВМРО – Репресија и политички прогон

Горан Наумовски

СДСМ: Следите, а не објавуваве фотографии од Дубаи, затоа што ги нема

Политичка прозивка од ВМРО-ДПМНЕ: Нова година по дубајско време