Активистите од „Ние сме Љубовта” ќе упатат апел за прекин на злостортва врз цивили во Идлиб

Од:

Активистите од „Ние сме Љубовта” денеска во паркот „Жена борец“ во Скопје ќе одржат симболичен протест со цел да се зголеми свесноста за злосторствата што се извршуваат во сириската провинција Идлиб и да побараат запирање на бомбашките напади врз болниците, училиштата и невини цивили.

-„Ние сме Љубовта” се ужаснати со ескалацијата на насилството и губењето на животи на цивили во Идлиб. Воспоставивме успешна соработка со локални и меѓународни невладини организации за да ги запознаеме луѓето со состојбата таму, се наведува во соопштението на активистите, кои напоменуваат дека во Идлиб над 3,5 милиони деца, жени и мажи се под опасада и се изложени на напади и тешки бомбардирања.

Скопје е еден од 15 градови во Европа каде денеска се одржува ваков симболичен протест, на кој е планирано во истовреме во воздухот да се пуштат илјадници балони како знак на поддршка за Идлиб.

„Ние сме Љубов” упатуваат апел до владите и до меѓународната заедница за преземање мерки за прекин на насилството меѓу завојуваните страни во Сирија и ставање крај на напади врз училишта и болници, отворање на коридорите за хуманитарна помош за населението како и гаранција дека ќе бидат повикани за одговорни индивидуи и групи, осомничени за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени со употреба на хемиско оружје и силувања.

Би можело да ве интересира

Израел ја бомбардираше Сирија, има загинати и повредени

22 мртви во нови напади во Сирија, град во близина на Дамаск отсечен од светот

„Њујорк Тајмс“: Постојат сомневања дека има повеќе од 100 локации со хемиско оружје во Сирија

(ВИДЕО) Израел нападна сириски воени аеродроми

(ВИДЕО) Нов израелски напад врз Сирија

Ахмед Ал Шара: Сирија има капацитет да преживее