СДСМ: Колку и да не му се допаѓа на Мицкоски, нашата татковина граби кон интеграција во ЕУ и НАТО

Од:

Цели 11 години нашата татковина беше заробена и заглавена од режимот на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, далеку од ЕУ и НАТО. Тоа е истиот Никола Груевски чив советник беше Христијан Мицкоски, денеска се уште негов шеф, реагира СДСм на изнесените ставови на Христијан Мицкоски.

„Ниту датум, ниту реформи, ниту позитивни извештаи, ништо, 11 загубени години за државата, за граѓаните, тоа е резултатот на ВМРО-ДПМНЕ. По демократските промени за само 2 години, се е поинаку, се е подобро.

За само 2 години, од заробена држава, со спроведените реформи од страна на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, Северна Македонија е светол пример. Датумот за почеток на преговорите со ЕУ е извесен а Северна Македонија е веќе членка на НАТО За прв пат после 11 години нашата земја не само што има најпозитивен Извештај за напредокот од Европската комисија и безусловна препорака за почеток на преговорите туку има потврда и силна поддршка од сите земји членки на Унијата.

Тоа е огромна разлика.

Напредокот е во сите сегменти а тоа најмногу се гледа во економијата. Од -1.8 во времето на ВМРО-ДПМНЕ економијата сега порасна за 4.1%.  Невработеноста е намалена на најниски досега 17.8%. Во последните 2 години отворени се над 49 илјади нови работни места. Извештајот на Конференцијата на ОН покажува дека Северна Македонија забележила најголем раст на директните странски инвестиции од 260%.

Класична лажна вест е невистината на Мицкоски дека буџетот не се полни, состојбата е одлична, граѓаните да бидат спокојни, диолговите што ги остави ВМРО-ДПМНЕ се сервисираат.

Ја разбираме нервозата на Мицкоски, владата предводена од Зоран Заев сработи и тоа сите го поздравуваат. Најмалку што можеше Мицкоски да каже денеска е да го поздрави напредокот на неговата земја и да се заблагодари за поддржката од нашиот сојузник и пријател СР Германија. Колку и да не му се допаѓа на Мицкоски, нашата татковина граби кон интеграција во ЕУ и НАТО.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!