(ВИДЕО) Стојаноска: Миленичката на Заев и Филипче си поигрува со животите на пациентите

Од:

„Зоран Заев и Венко Филипче донесоа живот за себе и за бизнис партнерите на владата, а опасност и нервози за пациентите на Хематологија и нивните семејства кои се плашат како ќе го дочекаат секој следен ден без соодветна терапија.

Додека пациентите на Клиниката за хематологија чекаат лек од кој им зависи животот, директорката на Клиниката, Ирина Пановска-Ставридис не може да одлучи дали ги има или не лековите“, рече Дафина Стојаноска – Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Пановска-Ставридис вели дека ниту еден пациент не е оставен без лек, но исто така вели и дека не е страшно ако не земеле лек неколку дена, зашто во понеделник веќе ќе ги имало?!

Од оваа ситуација јасно се гледа дека миленичката на Заев и Филипче или си поигрува со животите на пациентите, или само се интересира за тендерите за кои се најде на дневен ред и на Антикорупциската комисија.

Замислете и нејзините колеги се чудат како ниту една надлежна институција, министерство за здравство, Фонд за здравствено осигурување, министерство за внатрешни работи, јавно обвинителство, не ги гледаат корупцијата и конфликтот на интереси.

Сето ова е фактичка состојба. Оваа ситуација трае од првиот нејзин работен ден како директор на Хематологија.
Ниту министерот за здравство Филипче, ниту премиерот Заев веќе две години не сакаат да стават крај на личните и семејни врски во здравството. Филипче и Заев како да работат само на продлабочување на релацијата ќерка – носител на јавна функција и татко – сопственик на веледрогеријата „Д-р Пановски“. Оваа веледрогерија е континуирано дел од тендерските постапки и снабдувач на клиниките, меѓу кои и Клиниката за хематологија со која директорува неговата ќерка Пановска-Ставридис.

Филипче треба веднаш да стави крај на оваа релација ќерка директор-татко снабдувач. Треба да стави крај на нејзиното директорување. А, поради низата скандали во здравството треба да замине и Филипче од функцијата министер“, изјави Дафина Стојаноска – Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?