Ријад го обвини Иран дека стои зад нападот на Хутите врз саудиски аеродром

Од:

Саудиска Арабија денеска го обвини Иран дека им наредил на јеменските шиитски бунтовници Хути да го извршат вчерашниот ракетен напад врз саудиски аеродром, при што беа повредени 26 лица.

– Натамошното агресивно однесување на иранскиот режим и неразумната ескалација, било директно или преку неговите милитантни групи, ќе доведе до тешки последици, изјави саудискиот заменик-министер за одбрана, принцот Халед бин Салман.

Хутите вчера извршија ракетен напад врз цивилниот аеродром во близина на планинското одморалиште Абха во југозападниот дел на Саудиска Арабија. Покрај 26-мината повредени, при нападот беа нанесени сериозни оштетување на терминалот на аеродромот, поради што тој беше затворен за сообраќај неколку часа.

– На ова злосторство на Хутите ќе одговориме со непоколеблива решителност. Нивниот избор да нападнат цивилен аеродром му ја покажа на светот неразумната ескалација на тензиите од страна на Иран и опасноста што тој ја претставува за регионалната безбедност и стабилност, изјави принцот Халед, кој е син на саудискиот крал Салман.

Принцот, при тоа, го обвини Иран дека во последниве 40 години „шири хаос, смрт и уништување, преку спонзорирање и финансирање на терористички организации“, нагласувајќи дека јеменските бунтовници Хути се ирански марионети.

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија