Полицаец од Тексас стана херој во САД

Од:

Полицаец од Остин во американската сојузна држава Тексас, стана херој во својот град, но и во целата земја, со својот мал, но сепак несекојдневен човечен потег.

Имено, полицаецот Џејмс Рајли забележал дете близу супермаркет, блиски до својата куќа, кое му рекло дека е тука само за да купи грицки за својата сестра.

Полицаецот се загрижил за безбедноста на момчето, оти било само и без придружба, па решил да го одведе дома.

Таму, Рајли забележал дека станува збор за сиромашно семејство. Па, откако на децата им објаснил дека не треба сами да излегуваат така далеку од својот дом, си заминал. Но, за кусо време се вратил со намирници за сите во домот, со цел, како што рече, запомнувајќи го тој потег, полесно да ја запомнат и лекцијата.

Со тоа, полицаецот за многу кусо време стана херој за локалните жители.

„Родителскиот инстинкт е тој што го натерал на акција“, „Не само што ги штити најмалите, туку му служи и на Бога“, се само дел од коментарите на неговите сограѓани.

Би можело да ве интересира

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ