Груевски: Нешто не е во ред со СДСМ

Од:

Премиерот Никола Груевски повтори дека очекува победа на локалните избори и дека за тоа говореле и најавите на СДСМ дека нема им бил репер за победа бројот на градоначалници туку бројот на советниците кои ќе ги освојат.

„Индиректно, несвесно, потсвесно, јавно кажуваат дека на следните избори не очекуваат победа бидејќи не знам како не може да им биде важно колку градоначалници ќе имаат на следните локални избори. Ако зборуваме за локални избори, а градоначалниците не им се репер, тогаш нешто или не е во ред со нив или ние не ги разбираме добро работите“, рече премиерот Никола Груевски

Според него, стратегијата на СДСМ е да освојат некој градоначалник и глас повеќе, но и дека е убеден за поголемата поддршна на ВМРО-ДПМНЕ поради како што рече „ посветеноста, одговорноста и тоа што овие тешки околности на светска економска криза и последователна европска должничка криза проследена со рецесиија што власта прави се што може да го исполни тоа што го ветила“.

„Секој може да ги види, секој може да влезе во спортска сала, во реновирана болница, да ги види апаратите, оние кои работат во земјоделството да ги почувствуваат субвенциите. Можат да се видат над 200 локални патишта што се изградија во изминатите години низ сите ошптини во државата и многу други проектио кои се од секојдневна корист за граѓаните“, изјави Груевски.

Груевски најави дека ВМРО-ДПМНЕ следната недела ќе објави повик за кандидирање за градоначалничките функции кој ќе важи и за тие што не се членови, но се поддржувачи на партијата но и предлози за програми кои би ги реализирале градоначалниците.

„Ова го отвораме за да дадеме широк простор на можни кандидати, да овозможиме пристап до нас на способни кандидати кои можеби на некој начин не успеале досега да ги покажат своите квалитети. Сите што ќе достават кандидатури согласно огласот што ќе трае до крајот на август ќе бидат интервјуирани и ќе бидат разгледани нивните апликации и програмата што ќе ја понудат“, рече премиерот.

Според Груевски се очекува кандидатури да достават најголем број од досегашните градоначалници и според него добар дел од нив ќе ја добијат поддршката на партијата.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Со што и за што го држи Бугарија раководството на СДСМ

А1он

СДСМ: Истрагата за Кочани е селективна, се штитат директно одговорните за трагедијата

А1он

ВМРО-ДПМНE: Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи

А1он

СДСМ: На Велиген власта остави работници од повеќе институции без плата

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Да се извини Филипче и СДС што го лажеше народот дека „Бугари во Устав” се единствениот услов за напредок на државата

СДСМ: Со апсење само на поранешни полицајци истрагата за Кочани станува фарса