Петров: Секој кој ќе ги стави личните пред државните интереси сам ќе се исклучи од Отпорот

Од:

Одговарајќи на новинарско прашање, Андреј Петров објасни дека СДСМ не може да исклучува политички субјект кој не пропаѓа на таа партија. Вели, секој кој ќе се приклучи на Отпорот е добредојден, но секој кој ќе калкулира и ќе ги стави личните пред државните интереси, самиот ќе се исклучи од борбата.

„Прашањето Ви е погрешно. Прво, ЛДП нема поднесено независни листи, а ако мислевте на Либерална партија, и таа нема поднесено независни листи. Сосема е погрешно прашањето, не може СДСМ да исклучува некој, кој пред се е политички субјект кој не припаѓа на СДСМ.

– Тие работи сме ги разговарале на ниво на Опозициониот фронт и на Сојузот за иднината, видовте вчера, 18 политички партии беа таму, 18 политички партии не дадоа воопшто листи за овие избори и можам да порачам дека остануваме принципиелни.

– Секој оној кој ќе сака да се приклучи на Отпорот против оваа недемократска власт, е добредојден и ќе треба да се изјасни дека недвосмислено сака да биде на оваа страна. Секој оној кој ќе калкулира и ќе води сметка повеќе за личните интереси отколку за државата, самиот ќе се исклучи од борбата против оваа недемократска власт и ќе биде жална слика за едно време во кое бил украс на недемократска власт“, рече Андреј Петров.

Би можело да ве интересира

„Нема да нè снема“, „Ниту една повеќе“: Протест во Скопје против фемицидите, побарана одговорност за смртта на Билјана

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

Протест против фемицид и институционално насилство во Скопје – „Жените продолжуваат да бидат убивани“

А1он