(ВИДЕО) Петров: Министерството за здравство е симбол на владеењето на овој тоталитарен систем

Од:

Протестот на опозицијата денеска продолжи пред зградата на Министерството за здравство. Велат, ова министерството и министерот Тодоров ќе бидат запаметени по забраната на легитимниот штрајк на лекарите.

„Отпорот против оваа режимска власт, како што гледате – продолжува. Продолжува од тука, од пред Министерството за здравство, една од институциите која е симбол на владеењето на овој тоталитарен систем, рече Андреј Петров.

– Министерството за здравство особено од кога министерот Никола Тодоров е во него направи низа на работи кои покажуваат дека црниот понеделник не беше само случаен настан кој еднаш се случи туку дека е низа на погрешни и штетни политики кои ја уништуваат нашата
земја.

– Ова министерство и овој министер ќе останат запаметени по тоа што забрани штрајк на лекарите. Тоа е нешто што за прв пат се случува во Македонија исто така имаме ситуација во која за прв пат во Македонија беше формиран контра-синдикат паралелен синдикат на постоечкиот синдикат само за да ги дискредитира сите облици на отпор спрема овој недемократски систем кој е поставен во Македонија и пазете тоа не беше доволно беше организирано нешто што за прв пат во светот е видено контрапротести на кои учествуваа директори и раководители кои протестираа пазете против сопствените вработени. Такво нешто е незапаметено во историјата.

– Министерот Тодоров ќе биде запаметен како единствен министер кој во својство на шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ забранил легитимен штрајк на една цела гранка особено на една ваква професија како што е докторската професија.

– Би сакал јасно и недвосмислено да порачам дека отпорот против оваа власт ќе продолжи, дека црниот понеделник не беше само случаен настан, туку и дека го покажа вистинското лице на оваа власт.

– Сакам во името на здружената опозиција и на Сојузот за иднината предводен од СДСМ да ги повикам сите граѓани на Република Македонија кои не сакаат да живеат во ваква држава да се приклучат на нашиот активен бојкот со кој сакаме да покажеме дека Македонија има избор да и покаже на оваа недемократска власт дека треба да си замине, а тоа може да се направи само со неучество на вакви избори’, изјави Андреј Петров.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манасков: Булинг, ножеви и тепачки во училиштата, СДСМ бара одговорност од Јаневска и директорите

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага

СДСМ: Бугарофили на власт, тендер коалицијата ВМРО – ЗНАМ ја надмина и својата пропаганда

(ВИДЕО) Кузеска: Вметнувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет