Демонстрации во Киев против режимот на Јанукович

Од:

Повеќе од илјада украинци денес протестираа во Киев заради „политичката репресија“ и режимот на претседателот Виктор Јанукович, давајќи и поддршка на екс премиерката Јулија Тимошенко које е во затвор.

Опозицијата под мотото „Украина во Европа, Украина без Јанукович“, организираше протест за да го привлече вниманието на меѓународната заедница кон земјата.

На повикот од трите опозициски движења, демонстрантите маршираа низ улиците на Киев, а потоа се собраа на централниот плоштад, извикувајќи пароли против власта и барајќи ослободување на Тимошенко.

Јанукович денес учествуваше на самитот ЕУ- Украина, на кој европските треба да го оценат напредокот на Киев и приближувањето кон ЕУ.

Јулија Тимошенко беше уапсена во август 2011 и осудена на седум години затвор, заради злоупотреба на положбата кога се потпишувале договорите за испорака на гас во Украина. Тимошенко ќе одговара и за затајување на данок и финансиски малверзации во 90тите години. Таа ги отфрла обвиненијата објаснувајќи дека се политички мотивирани.

Би можело да ве интересира

Загина познатиот украински кревач на тегови Александар Пелешенко

Руски наредник уби командант и пет војници

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Во напад на украински дронови тешко повредени се шест лица

Украина треба да плаќа 500 милиони долари годишно само за камата

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он