„Јутарњи лист“: На Србија датум за преговори два дена пред влегувањето на Хрватска во ЕУ

Од:

Во Европската унија се создава голем притисок на Србија да и се додели датум за почеток на преговорите два дена пред Хрватска да стане членка на Унијата, пишува загрепскиот весник „Јутарњи лист“.

Повикувајќи се на дипломатски извори во Брисел весникот наведува дека се прават обиди за влијание врз Германија, која како што се тврди е главна пречка за тоа на Србија да и се додели датум за отварање на преговори за приклучување во ЕУ, односно на состанокот на Европскиот совет на 28 јуни оваа година да и се одреди датум.

Доколку тоа се случи ќе биде само два дена пред очекуваното формално стапување на Хрватска во полноправно членство во ЕУ, наведува весникот и додава дека во Унијата веќе долго време постојат идеи дека „кога нешто ќе се случи со Хрватска, нешто треба да се случи и со Србија“.

– Хрватска ја искористи оваа можност, а Србије не, пишува „Јутарњи лист“ и додава дека поради тоа сега многумина во ЕУ сметаат дека за процесот на проширување би било идеално кога на Србија на самитот во јуни би и се одредил датум, а Хрватска би влегла во Унијата два дена потоа.

Весникот укажува дека зад таа идеја не е стравот дека Хрватска би можела да го блокира доделувањето на Србија на статус на кандидат, туку само создавање на добра клима за продолжување на проширувањето со што е можно повеќе успешни одлуки.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија