Над една четвртина од младите дипломирани Французи ја гледаат иднината во странство

Од:

За една година бројот на младите Французи со високо образование кои својата иднина ја гледаат во странство се зголеми двојно јави дописникот на МИА од Париз.

Според анкетата на институтот „Делоат-Ифоп“, објавена денеска, во 2012 година 13 проценти од младите невработени Французи со факултетско образование својата професионална иднина ја гледале во странство, додека годинава таков став имаат 27 отсто од нив.

Истражувањето покажува дека 58 проценти од анкетираните дипломирани Французи оцениле дека се мали шансите да најдат работа во наредните шест месеци, при што во помалите градови на Франција песимизмот е уште поголем, бидејќи дури 62 отсто од испитаните одговориле дека не веруваат дека ќе најдат работа во наредните шест месеци.

Од тие кои што бараат работа просечно петнаесет недели, 38 проценти не биле повикани на ниту еден разговор со работодавач, 12 отсто имале еден разговор, а 20 проценти два.

Со испитувањето биле опфатени 1.005 дипломирани млади, кои дипломирале пред најмалку три години на факултети со петгодишни студии. За да го добијат првото вработување, тие велат дека испратуле просечно 16 апликации, при што жените бил поагилни со испратеми дури 19 молби, а мажите со 11. Просечното време за наоѓање работа кај младите дипломирани било десет недели.

Од тие кои се вработени 68 проценти имаат договор на неодредено време, а 32 отсто на одредено време. Дури 65 отсто од младите со или без работа изјавиле дека сакаат да бидат корисници на владината програма „договор на генерациите“, која треба да го фаворизира вработувањето на младите, а дури 85 проценти рекле дека сакаат да бидат обучувани од постарите.

Младите мислат дека во борбата против невработеноста Владата треба приоритетно да ја развие обуката, да ги намали даноците и давачките за претпријатијата и да ја поддржи конкурентноста.

Истовремено, 54 проценти од младите изјавиле дека немаат доверба во нивите работодавачи, 60 отсто од испитаниците рекле дека сакаат да работата во нивното претпријатие.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт