Барбра Стрејсенд им платила на најдобрите козметичари од Европа да дојдат за да се погрижат за нејзиното лице, а нејзината пријателка, дизајнерката Дона Каран, морала да и сошие пет најгламурозни фустани.
– Беше вон себе кога ја повикаа да пее на доделувањето „Оскар“, велат пријателите на Барбра Стрејсенд(70).
Актерката и пејачка со денови се подготвувала за да изгледа совршено. Ангажирала нутриционисти, тренери, а во вилата во Малибу нарачала да и се направи голем фитнес-центар. Дури им платила на најдобрите козметичари од Европа да дојдат да се погрижат за нејзиното лице, а Дона Каран (64) морала да и сошие пет најгламурозни фустани.
Барбра на доделувањето на наградите Оскар последен пат пееше во 1977 година.