Отказ за работникот од „Комунална хигиена“ кој фрли отпад во Вардар

Од:

Работникот од „Комунална хигиена“, кој беше фатен како собраниот отпад го фрла во реката Вардар, доби отказ од работа.

Од јавното претпријатие преку соопштение информираа дека денеска е донесена одлука за негово отстранување од работното место.

– Станува збор за работник ангажиран во Одделението за одржување на јавната чистота, кој сторил тежок дисциплински прекршок, притоа сериозно нарушувајќи го угледот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје. Од овие причини беше донесена одлука денеска 10.06.2019 година, ова лице да биде отстрането од работното место, се наведува во соопштението.

Случајот се откри кога на социјалните мрежи и на неколку портали беше објавен видео материјал во кој се гледа како работник од ЈП „Комунална хигиена“ го фрла собраниот отпад во Вардар.

Од ЈП „Комунална хигиена“ истакнуваат дека нема да бидат толерирани ниту едно прекршување на работната етика и дисцилина или обиди за уривање на угледот на претпријатието и оти против сторителите ќе бидат преземени најстроги казнени мерки.

– ЈП „Комунална хигиена“-Скопје перманентно работи на подигнување на нивото на хигиената и чистотата во градот Скопје, притоа бележејќи драстично процентуално зголемување на количествата на отстранетиот отпад од диви депонии, како и отпадот што се собира од домаќинствата и правните субјекти, во споредба со изминатите години. Седум дена во неделата, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје во три смени го собираат и го транспортираат комуналниот отпад, истовремено одржувајќи ја хигиената и на шест милиони квадратни метри јавни и сообраќајни површини, што подразбира нивно секојдневно метење и миење, велат од претпријатието.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски