Раул Кастро синоќа беше реизбран од страна на кубанскиот парламент за претседател на Државниот совет, највисокиот орган на извршната власт во земјата, за неговиот втор петгодишен мандат, пренесоа француските медиуми.
За заменик претседател на Државниот совет или за втор човек во државната херархија, е избран Мигел Диас-Канел, 52-годишен инженер, кој од 2012 година е еден од осмумината вицепремиери, додадоа медиумите.
Со голем интерес се следи дали помлади политичари ќе бидат избрани на раководни функции, како знакпт за тоа кој може да стане наследник на 81-годишниот Кастро, посочуваат француските медиуми.
Постариот брат на шефот на државата, 86-годишниот Фидел Кастро, присуствуваше на првото заседание на новиот кубански парламент. Тоа беше едно од ретките јавни појавувања на историскиот лидер на кубанската револуција, кој е пратеник.
Раул Кастро синоќа соопшти дека ќе се повлече од властта откако му заврши вториот петгодишен мандат во 2018 година, пренесоа британските меидуми.
Кастро ова го кажа во говорот емитуван на телевизијата, откако новото Национално собрание го избра за претседател на Државниот совет по втор пат.