Раул Кастро e реизбран денеска за претседател на Куба, на официјално последниот петгодишен мандат, објавија државните медиуми.
За потпретседател на владата, односно човекот број два во Куба, избран е Мигел Диас-канел, пренесе агенцијата Франс прес.
Диас Канел е електро инженер по струка, поранешен министер за образование и де факто политички наследник на претседателот.
Раул Кастро (81) стана привремен претседател, кога неговиот брат Фидел икона на револуцијата, се разболе во 2006 година.
Раул официјално стана претседател во 2008 година.
Националното собрание го избра Естебан Ласо (69) за нов претседател.