СДСМ: Мицкоски чека награда од Груевски за посветената одбрана на неговиот криминал

Од:

Христијан Мицкоски заедно со неговите соработници Тања Каракамишева и Александар Николовски навиваат за неуспех на нашата татковина. Но тој филм нема да го гледаат, реагира СДСМ на обраќањето на Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Република Северна Македонија чекори кон интеграција во ЕУ и полноправно членство во НАТО. Додека државата прави сериозни реформи кои се признаени и вреднувани и во најпозитивниот извештај на Европската комисија, Мицкоски веројатно чека награда од Никола Груевски, за посветената одбрана на неговиот криминал.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски остануваат заглавени во матрицата на деструкција, криминал и антидржавно однесување, но не успеаја и нема да успеат да ја вратат државата назад во темното минато. Им се допаѓало тоа или не, Северна Македонија станува 30 земја членка на НАТО и напредува во интеграцијата кон Европа.“, се наведува во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација

СДСМ: Власта си игра со фотелји додека граѓаните се соочуваат со поскапувања

СДСМ: Мицкоски ја води Македонија во маратон на сиромаштијата

А1он