А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет да зборува за здравство

by А1он07/06/2019 - 15:43108
Share0

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет да зборува за здравство. Цели 11 години, опозицијата здравството го искористуваше за местење на тендери, добивање на дебели провизии и лични богатења,реагира СДСМ на прес-конференциата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Добивај вести на вибер

„Поради игнорантскиот однос кон здравствените работници, пациентите и условите во болниците, ВМРО-ДПМНЕ остави тотален хаос во здравтствениот систем. Втор ден, иста лага од симболот за лажни вести – белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ. Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал официјално потврди дека сите јавни набавки на Министерството за здравство се кристално чисти и законски.

Наместо да шири лаги и дезинформации, ВМРО-ДПМНЕ да се информира дека не станува збор за процес на стерилизација, туку за долгорочно инвестирање и осовремување преку пат на приватно јавно партнерство. Приватно јавното партнерство обезбедува спој на инфраструктура, искуство и финансиски можности.

ВМРО-ДПМНЕ наместо да шири лаги проблемите за своите неуспеси да ги побара кај нивната деструктивна политика, последица на груевистичката матрица која цели 11 години ги уназадуваше, осиромашуваше и иселуваше граѓаните.

Лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ е провидно, граѓаните и јавноста се свесни дека опозицијата е очајна и нуди само лаги и непроверени информации.“, се наведува во реакцијата на партијата.

sdsm

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Катерина Ѓуровски10/03/2026 - 13:35

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 17:25

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски07/03/2026 - 14:3207/03/2026 - 14:38

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски03/03/2026 - 15:5003/03/2026 - 17:51

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он26/02/2026 - 19:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен