Приземјени сите воени авиони Ф35, гордост на американската воена индустрија или измама на деценијата?

Од:

Откако беше откриена пукнатина на една лопатка од моторот, Пентагон беше принуден да ги приземју сите борбени авиони Ф-35. Грешката е откриена за време на рутинска проверка во воздухопловната база Едвардс, Калифорнија. Сите авиони се приземјени до дополнителни информации, пренесува Би-Би.

Ова е веќе втор пат во два месеци како “бисерот” на американското воено воздухопловство Ф-35, кој лета со брзина од 1930 km / h и чија изработка го “олесни” буџетот на САД за 400 милијарди долари, се покажа како несигурен. Верзијата Ф-35Б, наменета за маринците и авионите со вертикално полетување и слетување, прв пат беа приземјени поради грешка во производството што предизвикуваше прекин на снабдувањето со гориво.

Ф35 и неговата верзија Ф35Б, кои требаа да бидат гордост на американската воена индустрија и сигурен извор на приходи (бидејќе во тек се преговори за продажба во речиси сите земји сојузници на САД), воените аналитичар на интернет порталите ги нарекуваат “обична измама”.
При рутинска проверка, на која се обврзани сите цивилни и воени авиони, на еден од 51 авиони колку што досега се произведени, приметена е пукнатина на лопатка на моторот (или, ако ја користиме експертската терминологија, на една од лопатките на турбината на реакторот).

Во пракса тоа би значело дека авионот, кога температурата на реакторот ќе ја надмине одредената граница, би можел да се распадне во воздухот. Не треба многу знаење за да се сфати дека F35 со полна брзина би можел да издржи се, освен еден од двата мотори да му се распадне.

Ниту претходно пронајдената “грешка” (онаа околу дотокот на гориво), иако неспоредлива со оваа, не е занемарлива. Американските експерти за да ја намалат тежината на секој од поединечните делови, резервоарот на борбениот авион F35 го направија ‘преосетлив “на електрицитет од висок напон. Да се обидеме да разјасниме: доколку при летот F35 би се нашол во густи облаци, “Фарадеевиот кафез” кој ги штити сите авиони од удар на гром, не би можел да му помогне. Значи, она што за сите авиони во светот е спасоносно решение и кое ги штити од електрични празнења во атмосферата, за F35 е смртоносна стапица.

Третиот проблем, иако навидум “банален” (ако било што може да се нарече банално кога се купува авион од милијарди долари), а што е приметено пред месец дена, е сондата за снабдување со гориво. На еден од авионите F35Б (верзија која поради вертикалното полетување и слетување ја користат маринците), таа едноставно паднала. Тогаш сите Ф35Б се држани на земја месец дена.

Локид Мартин, “столбот на американската воена индустрија, која е одговорна за целиот проект, соработува со компании од земјите кои одлучија да купат американски борбени авиони, за да се утврди причината за хаваријата. Посебен акцент е даден на истрагата која се спроведува во компанијата Прат и Витни, која е производител на турбини.

f35

“Експертите ја доставија турбината во седиштето на компанијата Прат и Витни во Мидлтон, за да спроведат детална анализа и да ја најдат причината за хаваријата. Уште е прерано да се каже дека сите авиони се неисправни, но како мерка на претпазливост, сите летови се откажани”, стои во заедничката информација на Пентагон и Локид Мартин.

Новинската агенција Блумберг во многу свои написи од самиот почеток тврдеше дека се претерува кога се зборува за “гордост, скапоцен камен и проект на деценијата.” Поради голем број на недостатоци во текот на изработката (од оние на конструкцијата на воздухопловот, до проблемот со софтверот на компјутерите), целиот проект каснеше седум години.

И покрај намалувањето на буџетски средства за Министерството за одбрана, Пентагон успеа да договори испорака на 2 443 примероци од F35, за кои на Локид Мартин ќе му исплатат 395 милијарди долари.

Il Sole 24 Ore пишува дека италијанската влада се обврзала да купи 131 борбени авиони од типот F35A и 30 примероци на авионот од верзија F35Б.

Без оглед на кризата, италијанската влада се согласи на цена од 99 милиони евра за верзијата А, и 106.7 милиони евра за верзијата Б од авионите, што вкупно преминува 15 милијарди евра за трошоци за еден (засега), прилично несигурен и опасен воен воздухоплов. Авиони, освен Италија, одлучиле да купат и Велика Британија, Турција, Норвешка, Израел, Канада, Австралија, Јапонија и Холандија.

Би можело да ве интересира

Форбс: САД признаа дека Ф-35 се неуспех

Ана Ололовска

Полска се подготвува да купи 32 борбени авиони Ф-35 од САД

САД одлучија: Турција е исфрлена од програмата Ф-35