Полска се подготвува да купи 32 борбени авиони Ф-35 од САД

Од:

Полска планира да купи 32 борбени авиони Ф-35 од САД, како дел од модернизацијата на армијата на земјата, јавија некои светски медиуми повикувајќи се на информации од висок функционер во полската администрација.

Полскиот функционер потсетил дека претходно претседателите на САД и Полска потпишале договор за заедничка одбрана, кој вклучува зголемување на американскиот контингент во земјата за илјада луѓе.

Покрај тоа, Полска спроведува воена модернизација и „планира да купи 32 борбени авиони Ф-35“, додал тој.

Полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак претходно изјави дека Полска се договорила со САД околу локациите на нејзина територија каде што ќе бидат распоредени дополнителните американски трупи.

– Подготвени сме да објавиме информација за тоа каде ќе бидат стационирани војниците, истакна Блашчак, без да ја наведе локацијата.

Според Блашчак, воената спогодба меѓу Полска и САД требало да биде договорена за време на посетата на американскиот претседател Доналд Трамп, која е откажана поради ураганот Доријан, но полскиот министер нагласи дека веќе е постигната согласност за некои прашања.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност