САД одлучија: Турција е исфрлена од програмата Ф-35

Од:

Пентагон ја извести Турција дека ќе го поништи договорот за продажба на воените авиони Ф-35 доколку турската влада го купи рускиот противвоздушен систем С-400.

Вршителот на должноста американски министер за одбрана, Патрик Шенехан ја извести Анкара дека на 31 јули ќе престане обуката на турските пилоти и дека сите турски државјани поврзани со програмата за развој на Ф-35 ќе мора да ги напуштат САД до крајот на јули.

Во писмото до турскиот министер за одбрана Хулуси Акар се наведува дека на Турција нема да и бидат испорачани последните четири авиони Ф-35 кои ги има купено.

Писмото е најнова етапа од спорот околу турската одлука да купи руски противвоздушен систем С-400. САД повеќепати ја предупредија Турција дека С-400 е закана за откривање на тајните на најновиот авион Ф-35.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во вторникот изјави дека не доаѓа во предвид Турција да се повлече од спогодбата со Москва.

Ергодан кажа и дека САД не им дале таква добра спогодба како таа за С-400 на Русите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски