Се намали стапката на невработеност на 17,8 отсто во првиот квартал од годинава, објави Државниот завод за статистика.
Во однос на четвртиот квартал лани стапката на невработеност е намалена за 1,6 отсто, а во однос на првиот квартал лани 3,8 отсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во I тримесечје од 2019 година, активното население во Република Северна Македонија изнесува 960.743 лица, од кои вработени се 789.414, а 171.329 лица се невработени.
Стапката на активност во овој период е 57,1 отсто, стапката на вработеност 46,9 отсто.