Дебата во ЕУ за ризиците од 5Г технологијата врз легалното прислушкување

Од:

Министрите за внатрешни работи на Европска Унија на денешниот состанок во рамките на Советот за внатрешни ќе дебатираат за влијанието на 5Г технологијата врз овластеното прислушкување на судските власите.

Дебатата ќе се одржи претпладнево по презентација на последниот извештајот на европскиот координатор за борбата против тероризмот, Жил де Керков.

Во извештајот се предупредува дека полициските и судските власти би можеле да се соочат со проблеми во однос на легалното прислушкување поради 5Г технологијата и ги повикува земјите членки да преземат итни мерки за справување со оваа појава.

Во извештајот се предупредува за неколку ризици во контекст на развојот на оваа технологија и се препорачува дека под итно е потребно да се отвори дијалог со телекомуникациските оператори за да се влијае врз дефинирањето на нормите поврзани за енкриптирањето на комуникациите, сим картичките и „виртуелната и фрагментирана“ архитектура на 5Г мрежата.

Невладините организации за одбрана на граѓанските слободи од своја страна бараат оваа дебата да биде јавна, а не зад затворени врати како што е предвидено.

Би можело да ве интересира

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Зеленски: Ако не сме членка на ЕУ, нема да има договор за експлоатација на ретки минерали

Рокас: Реформската агенда од Планот за раст не е замена за членството во ЕУ