Државата незаконски го лустрирала кичевскиот судија Билевски, потврди судот во Стразбур

Од:

Европскиот суд за човекови права во Стразбур пресуди во корист на лустрираниот судија Драги Билески од Кичево во предметот против Северна Македонија. Билевски беше лустриран во 2010 година, по 30 години судиски стаж, само една година пред да се пензионира.

Судот во пресудата што ја објави вчера утврди серија неправилности и незаконитости и потврди дека му биле прекршени човековите права на судијата кога бил прогласен за соработник на тајната полиција.

Во образложението пишува дека  македонските судови не ги сослушале предложените сведоци и не појасниле зошто нивното испитување не придонело за утврдување на фактите оспорени од жалителот, туку „Управниот суд ги потврди фактите утврдени од Комисијата, потпирајќи се единствено врз документите против Билески“.

Пресудата на ЕСЧП во Стразбур за судијата Билевски

Судот наведе дека Билески бил лустриран иако не бил во архивите на УБК т.е. дека документите употребени против него не биле од архивите на разузнавачката служба. П.К. кој е авторот што обезбедил информации за трети лица, јасно изјавил дека ги изготвил записите за Билевски „според неговото толкување”.

Според пресудата на судот во Стразбур, домашните судови не можеле да донесат одлука без да ја земат предвид изјавата на сведокот П.К., кој не бил повикан лично да сведочи.

За нарачаната лустрација на кичевскиот судија, СЈО  отвори предмет „Моќник“ против Антонијо Милошоски и уште 12 лица.  Првиот човек на Комисијата за лустрација, Томе Аџиев, е осомничен дека делото го сторил под влијание на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, кој сакал да му се одмазди на Билевски.

В. Маглешов

Би можело да ве интересира

Несими: Мојата лустрација имаше политичка позадина

Ана Ололовска

Поништувањето на лустрацијата влезе во собраниска процедура и ги раскара пратениците

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џафери: Не го видов законот, но немам проблем со укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Кирацовски: Нема да ме изненадат илјадници амандмани за лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

Калеска-Ванчева: Најавата за блокада на поништувањето на лустрацијата доказ дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заглавија на укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска