Бугарскиот премиер Бојко Борисов се сретна со холивудскиот глумец Силвестер Сталоне, по повод снимањето на петтото продолжение на филмот „Рамбо“. На средбата Борисов и Сталоне дури и се туркаа со раце.
Средбата се одржа во бугарската влада, а Борисов му се заблагодари на Сталоне за убавите зборови што ги кажа холивудскиот актер за Бугарија.
Friendly meeting with @TheSlyStallone . Together we watched the trailer for #RamboLastBlood, а part of which was filmed in #Bulgaria. pic.twitter.com/gE7tb5ps0y
— Boyko Borissov (@BoykoBorissov) June 4, 2019
Борисов е еден од првите што го гледаа трејлерот за новото продолжение на филмот, кој се снима во Бугарија.