СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ за инфраструктура може да зборува само за провизии и криминал, автопатот Миладоиновци – Штип е пуштен во употреба

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ за инфраструктура може да зборува само за провизии и криминал, автопатот Миладоиновци – Штип е пуштен во употреба

Единствен успех за ВМРО-ДПМНЕ во полето на инфраструктура се огромните провизии со кои ги задоволуваа нивните лични бизнис интереси.

Поради неспособност и криминални интереси, ВМРО-ДПМНЕ зад себе остави недовршени патишта со низа пропусти и нерегуларности кои ги чинеа граѓаните дополнителни стотици милиони евра за нивно надминување.

Очајната ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот што за само 2 години, Владата предводена од СДСМ во инфраструктурата успеа да направи многу повеќе од тоа што опозициската партија го правеше цели 11 години за време на нивното владеење.

Автопатот Миладиновци – Штип денеска е пуштен во употреба во двата правци.

Решени се сите проблеми на Автопатот Кичево-Охрид, се гради во должина од 57 км.

4 експресни патишта се изградени, реконструирани и рехабилитирани со вкупна должина од 375 км на регионални патишта и 119 км магистрални: Градско-Дреново-Фариш, Штип-Крупиште-Кочани, Ранковце-Длабочица-Крива Паланка, Штип-Радовиш.

Во моментов се реализираат над 80 проекти за изградба и реконструкција на патишта во должина од повеќе од 700 километри.

ВМРО-ДПМНЕ може да гледа и да учи како се работи одговорно, домаќински и отчетно, како се гради по план“, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски