Вечерва 85. доделување на Оскарите

Од:

Во Долби театарот во Лос Анџелес вечерва ќе биде одржано 85. свечено доделување на Оскарите, престижна награда, која Американската филмска академија ја доделува во 24 категории.

Домаќин на вечерта ќе биде актерот Сет Мекферлан, кому во врачувањето на златните статуетки ќе му понагаат голем број од неговите колеги, како Мајкл даглас, Мерил Стрип, Џенифер Анистон, Ричард Гир, Рене Залвегер, Шарлиз Терон и Џон Траволта.

За забавата на гостите ќе бидат задолжени одличните пеачки Адел, Ширли Бејси, Нора Џонс и Барбра Стрејсенд, на која ова ќе и биде прв настап на доделувањето оскари во последните 36 години.

За главната награда на вечерта, Оскар за најдобар филм, се натпреваруваат девет остварувања.

Иако во трката влезе како фаворит, шансите на „Линколн“ на Стивен Спилберг, кој инаку има вкупно 12 номинации, сериозно ги нарушува шпионскиот трилер „Арго“, кој освои два Златни глобуси, за најдобра драма и за најдобра режија.

Доколку победи, „Арго“ ќе биде првото остварување кое добило Оскар за најдобар филм, а притоа неговиот режисер Бен Афлек, да не е дури ни номиниран, од 1990 година, кога истото се случи со драмата „Возејќи ја мис Дејзи“.

Историската драма на Стивен Спилберг „Линколн“ освен номинациите за најдобар филм и за најдобра режија, има и три номинации за улоги, како и за адаптирано сценарио.

Веднаш зад него со 11 номинации е филмот на Анг Ли со остварувањето „Животот на Пи“. Овој филм ги понесе, исто така, номинациите во главните категории, за најдобар филм, режија и адаптирано сценарио и за визуелни ефекти.

По осум номинации добија љубовната драма „Во добро и во зло“ на Дејвид О. Расел, за која за споредна улога има номинација и Роберт де Ниро, и мјузиклот „Клетници“ на режисерот Том Хупер, кој триумфираше преклани со „Говорот на кралот“. Седум номинации има филмот на Бен Афлек „Арго“, кој се осврнува на вистински настани во врска со заложничката криза во Иран.

Во категоријата за најдобри глумици, годинава се поставени два нови рекорди – 85-годишната Емануел Рива „Љубов“ е најстарата глумица номинирана за главна улога, а Куванџане Волис (Ѕверови од јужната дивина) со само девет години, е најмладата во таа категорија. Покрај овие две глумици, за Оскар за најдобра женска улога се натпреваруваат и Џесика Честејн, Наоми Вотс и Џенифер Лоренс. за истата награда, но во машка категорија се натпреваруваат Бредли Купер (Во добро и во зло), Дензел Вашингтон (Лет) Жоакин Финикс (Мастер), Хју Џекмен (Клетници) и Даниел Деј Луис (Линколн), за кого многумина сметаат дека ќе ја добие наградата, кој би му бил трет во кариерата.

Оваа година на „Оскарите“ ќе се одбележи и педесетгодишнината на филмовите за Џејмс Бонд, а „Скајфол“ успеа да освои четири номинации, и тоа за фотографија, за звук и за оригинална музика и песна, со тоа што на Адел, која ја пее главната нумера во овој филм, сите и го предвидуваат „Оскарот“.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ