Раул Кастро денеска ќе биде избран за нов мандат

Од:

Кубанскиот претседател Раул Кастро денеска би требало да биде избран за втор, петгодишен мандат, за време на кој се очекува да продолжи со постепеното отворање на земјата започнато во 2006 година, кога го наследи постариот брат Фидел.

Мандатот, кој се очекува да го добие денеска, ќе му биде втор и последен, бидејќи токму тој го донесе законот со кој должноста на шеф на држава се ограничува на два петгодишни мандати.

Народното собрание, кое се бира со долг изборен процес, започнат во октомври на општинските избори, денеска и официјално ќе се конституира и ќе избере 31 член на Државниот совет. Тоа е главното извршно тело на кубанските власти, кое го избира претседателот и се очекува дека ќе го потврди вториот мандат на Раул Кастро.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Кубанци шверцувани низ Македонија и Србија до ЕУ – разбиена мрежа за криумчарење мигранти

А1он

Волстрит журнал: Кина гради шпионски објект во Куба за да ги прислушува САД