Град Скопје повика на спортско однесување и прославување

Од:

Град Скопје, градоначалникот Петре Шилегов и координаторите на сите советнички групи во Советот на Град Скопје го поздравуваат огромното постигнување и европската ракометна шампионска титула на „Вардар“. Тие, сите заедно повикаа на достоинствен пречек и славење на успехот на ракометарите, а воедно изразија и несогласување со изолираните случаи кои сакаат да стават дамка на прославата.

„Остро го осудуваме и се дистанцираме од секој обид за неспортско навивање и однесување, ширење говор на омраза и национализам, како и пароли кои повикуваат на насилство и дискриминација кон кои било групи и поединци. Исто така, апелираме до надлежните државни органи да постапуваат согласно со законските норми со цел да се избегнат евентуални несакани случувања кои може да го нарушат позитивниот тек на денешниот настан. Уште еднаш упатуваме искрени честитки за историската победа на „Вардар“ и пожелуваме вакви нови спортски успеси и во иднина“, се вели во заедничката изјава.

Град Скопје, имајќи го предвид успехот на РК „Вардар“, значењето на подвигот и фактот што клубот им припаѓа на сите скопјани и на преостанатите граѓани на нашава земја, истакнува дека ваквиот спортски успех е заеднички и треба да не сплотува во славењето на овој историски резултат.

Би можело да ве интересира

Ако не биде исплатена септемвриската плата, од утре вработените ќе ги блокираат двата влеза на ЈП „Паркови и зеленило“

Арсовска: Мицкоски несреќо, на кого се закануваш?

А1он

ВИДЕО: Скопје се дави во ѓубре, Герасимовски бара итна седница на ЗЕЛС

Мециновиќ: Надежта ќе ја претвориме во реалност, Скопје се разбуди

А1он

Мециновиќ ќе бара ревизија на сите стари договори: Скопје мора да стане град што им служи на луѓето, не на партиите

Предраг Петровиќ

Да победиме во Скопје и да ги решаваме многуте работи во градот, пред се должничко-доверителни односи, вели Мицкоски

Горан Наумовски