Србија: Туријски колбас собори рекорд

Од:

Туријски колбас денеска официјално влезе во Гинисовата книга на рекорди, како најголем на светот во својата категорија, потврди претставник на Гинисовата книга, Правин Пател.

Станува збор за колбас во должина од 2.029 метри, а тежина 2,3 тони.

Организаторите на Колбасијадата изјавија дека за правењето потрошиле најдобро месо во тежина преку 2 тони и околу 100 зачини.

На Колбасијадата во Туриј, која започна вчера свои производи изложија околу 100 произведувачи.

На традиционалното натпреварување во најбрзо јадење на колбас, победи Душан Кулачинин од Шид, кој изеде три топли колбаси во рок од две ипол минути.

Би можело да ве интересира

Експлозија во воената фабрика „слобода“ во Чачак, двајца повредени

На фарма во Србија е пронајдена шпионска опрема и опасни материи

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

Србија е поразенa од Шпанија со 3:0

Нов земјотрес во Србија

Горан Наумовски

Србија: Курти шири дезинформации